Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска го разреши советникот за култура и општество Шпат касапи, кој пред еден месец беше приведен поради поседување дрога, објави Канал 5.
Груби за „360 степени“ ја потврди информацијата и рече разрешувањето на советникот била првата работа што вицепремиерот ја направил утринава.
„Уште во 8 часот наутро. Тоа беше прво нешто што го направив денес“, кусо ни изјави Груби.
Касапи, кој е познат пејач, е син на прaтeничката, Ѓилемсер Касапи и пред еден месец, како што објавија тогаш некои медиуми, бил фатен со пакетчиња прашкаста материја во населбата Ѓорче Петров во близина на „СП-планет“ и – приведен.






