Груби: Разговаравме за ЕУ-патот со сенаторот Марфи од Конектикат, за кого гласаа многу Албанци да ги претставува во Сенатот на САД

„Беше задоволство денес со премиерот Ковачевски да им бидеме домаќини на сенаторот Крис Марфи и амбасадорката на САД во нашата земја Ангела Агелер. Сенаторот Марфи доаѓа од сојузната држава Конектикат во САД, каде што живеат многу Албанци од * Македонија, кои го поддржаа сенаторот Марфи и гласаа за него, за да ги претставува во американскиот Сенат.“ – објави вицепремиерот Артан Губи на својот фејсбук-профил.

Груби пишува: Неговата денешна посета е јасен показател за континуираната поддршка, што американската администрација ја дава на нашиот евроинтегративен пат. Заеднички го искажавме ставот дека е од суштинско значење за стабилноста на регионот, Европа и на целиот континент да се забрза интеграцијата на земјите од Западниот Балкан.

Крис Марфи престојувал во Македонија и во март 2018 година. Во врска со тоа албанската редакција на Гласот на Америка на албански јазик на 11 март 2018 година има напишано: „Крис Марфи беше примен од премиерот Зоран Заев. Според соопштението од кабинетот на Заев, на оваа средба било оценето дека ‘Република Македонија оди во вистинска насока, на патот кон НАТО и ЕУ, преку реформски процеси и чекори за градба на пријателство со соседните земји. ‘ Во тоа соопштение се наведува и дека ‘американскиот сенатор ги охрабрил премиерот Заев и Владата на Македонија да ги направат позитивните промени за земјата.“

„Сенаторот Марфи пред заминувањето за Македонија најави дека со македонскиот премиер ќе разговара за загриженоста околу известувањата за дискриминацијата на Албанците. ‘Како стар пријател на Балканскиот регион и претставник на илјадници албанско-македонско-американски гласачи имам слушнато за многу загрижености на албанската заедница во Конектикат за третманот на членовите на нивните семејства во Македонија. Имам намера да ја изнесам таа загриженост, за да се изнајде со премиерот Заев начин да се засили антидискриминациската политика.’ – рече американскиот сенатор.“

“Демократскиот сенатор од Конектикат во неделата учествуваше и на церемонијата по повод 75-годишнината од Холокаустот во Македонија, која ја окупираа и со која администрираа Бугарите како сојузници на Германците за време на Втората светска војна.“