„Вицепремиерот Артан Груби рече на панел дискусијата ‘На патот кон ЕУ: Искористување на можностите за брза интеграција“ дека рускиот претседател Владимир Путин сакал да ја дестабилизира * Македонија.“ – објави ТВ 21.
ТВ 21 ја пренесува изјавата на Груби, дадена во овој контекст: „Имаше изјави од министерот за надворешни работи Лавров и неговата портпаролка Захарова, како и од претседателот Путин, кој ги знаеше сите села во Македонија, спомнувајќи ги во неговите интервјуа во меѓународните медиуми, но и велејќи дека Македонија е огнената крстосница за Русија во врска со проширувањето на НАТО. Ова е изјава цитирана од Лавров, а потоа тоа го поттикнуваше Путин во неговите медиуми, спомнувајќи го и Грушино од Куманово во своите интервјуа, како и дека ги знае сите села во Македонија, со намера да ја поттикне меѓуетничката напнатост меѓу Македонците и Албанците.“





