Груби прими албански репрезентативец дента кога не ја бодреше Македонија во Прага како Албанија во Тирана

Вицепремиерот Артан Груби не беше во Прага за да ја бодри фудбалската репрезентација на Македонија против Украина во квалификациите за Европското првенство, откако два дена претходно во Тирана навиваше за Албанија против Чешка, но се пофали дека го примил албанскиот репрезентативец Таулант Сефери.



„Под емоциите од големата победа на албанската фудбалска репрезентација против Чешка и големиот исчекор кон Евро 2024 во Германија, денеска со задоволство го примив стрелецот на двата одлучувачки гола, фудбалерот од Куманово, Таулант Сефери. Му честитав на Таулант за одличните настапи, за духот и срцето што ги остава во црвено-црниот дрес на секој натпревар заедно со неговите соиграчи и за гордоста што ја всадија во нашите срца. Успехот на репрезентацијата лежи во единството! Посакувам победничките патеки да продолжат и во ноември да го славиме големиот успех со пласманот меѓу најдобрите во Европа!“, објави Груби на Фејсбук, споделувајќи галерија фотографии од средбата во неговиот кабинет.