Досегашниот пратеник на ДУИ, Артан Груби, во емисијата „Само интервју“ на телевизијата Канал 5 изрази подготвеност на неговата партија повторно да влезе во влада со СДСМ, но само со нивниот кандидат Насер Зибери во премиерската фотелја.
„Логично, СДСМ има 46 пратеници, ДУИ има 15 пратеници, или вкупно 61 пратеник, а тоа е сосема доволно за да се избере Владата и да се избере претседател на Владата. ДУИ е стабилен партнер. ДУИ не е авантуристичка партија којашто ги менува ставовите на секои три дена, па да мора да се составува Влада на секои пет дена со други партнери. Ние сме лојални кон граѓаните. Не сме тука за да предизвикаме институционална криза. ДУИ е сериозен партнер и тоа многу добро го знаат и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме подготвени за соработка со СДСМ, но со Насер Зибери како премиер“, изјави Груби.






