Груби по втор пат спомна оружје во дебатата за скандалот со „Бехтел и Енка“

Артан Груби кој се претсатавува како вицепремиер по втор пат споменува пушка и топ во изјава поврзана со Бехтел и Енка.



Од контекстот на изјавата не може прецизно да се каже дали тој индиректно се заканува или одговара на закани од противниците на проектот кој вчера беше изгласан со европско знаменце.

,,Како што и реков: пушката топ нека им стане, но оваа работа НЕ ЗАСТАНУВА!

Собранието ги изгласа сите закони за побрза и поевтина изградба на Коридорот 8 и 10-Д!

Им благодарам на пратениците и граѓаните за големата поддршка на најголемиот проект во историјата на државата!”, напиша Груби на Фејсбук.

Зошто Груби во дебата за скандалот со Бехтел и Енка ја користи фразата во која се споменува оружје а која не е позната за пошироката јавност Груби не објаснува.