Груби оцени: Францускиот е „финален предлог“ друг ќе нема

Вицепремиерот за политички систем Артан Груби, очекува пратениците да ги усогласат ставовите и да ја задолжат владата да нема компромиси со македонскиот јазик и идентитет за почеток на преговорите.



Груби тврди ова е финален предлог и подобар нема да добиеме. Навредиво е на Македонците да им се каже дека ќе бидат асимилирани, смета вицепремиерот.

Запрашан дали има рок до кога треба да заврши координацијата по предлогот во Собранието, Груби рече дека немаме време за чекање.

„Повторно ги замолувам пратениците, пратеничките групи коишто денеска се среќаваат и ќе разговараат по однос на предлог заклучоци за информацијата која што е доставена од Советот на ЕУ до Владата на РСМ за т.н. француски предлог којшто е впрочем предлог на ЕУ да ги усогласат, да ги усвојат, и да ја задолжат Владата со нула компромиси по однос на јазичните, идентитетските, културните, историските и образовни особености на македонскиот народ, на нашата држава да постапи кон отпочнување на преговори со ЕУ и одржување на првата меѓувладина конференција“, изјави Груби, пренесе Независен