„Тенденциозни се известувањата. Да не сакав да оддадам почит немаше да прифатам да бидам дел од делегацијата. Тука сум затоа што е време за помирување кога веќе одбележуваме 20 години од конфликтот и од Охридскиот рамковен договор“, изјави Груби за Плусинфо.



Сепак, тој не одговори зошто не се поклонил  пред споменикот на загинатите „тигри“, а од преносот во живо се гледаше дека прvиот вицепремиер не се поклони пред плочата на загинатите припадници на ЕСЗ Тигар.

Денеска се одбележува 40 години од формирањето на Единицата за специјални задачи Тигар.