Вицепремиерот Артан Груби во синоќешното гостување на „360 степени“ рече дека не знае зошто му било скршено ветробранското стакло на службеното возило.



„Точно е. Возилото е искршено од страна на В.Ј. пред главниот влез на Собранието додека јас бев на пленарна седница за Законот за распределување на административците од К5 Програмата. Не сме повредени ниту јас ниту некој од мојата придружба. Не ја познавам личноста, ниту ги знам причините за нападот и очекувам МВР да го разјасни случајот, рече Груби за „360 степени“.

Од МВР вчера потврдија дека 38-годишната В.Ј. го искршила предното ветробранско стакло од „пасат“ сопственост на Владата, по што била приведена.