Груби не реагира на Меџити, најавува “неминистерска” тактика за локалните избори

Вицепремиерот Артан Груби не сака да дебатира како недоразбирањата меѓу различни крила во партијата ќе се одразат на резултатите од локалните избори но тврди дека министрите од ДУИ нема да се кандидираат за градоначалник во ниедна општина.



„Ниту еден министер од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) од сегашниот состав на Владата на Заев нема да учествува на локалните избори во октомври за градоначалник“ – пишува весникот „Лајм“.

Ова го потврди вицепремиерот Артан Груби во изјава за овој весник по гласините дека некој од министрите на ДУИ може да се повлече од Владата во пресрет на локалните избори за да се кандидира за градоначалник.

„Груби одби да ги коментира тврдењата на неговиот сопартиец заменик-претседателот на ДУИ Изет Меџити, кој пред неколку дена изјави дека ‘ДУИ може да претрпи загуби во некои општини,ако не се надминат несогласувањата во партијата до локалните избори“. – пишува „Лајм“.