Груби: Мицкоски и Апасиев да сфатат дека Албанците и нивниот јазик во оваа земја се рамноправни

„Првиот вицепремиер на Македонија Артан Груби им одговори на реакциите на македонската опозиција околу уредбата на Владата, која овозможува употреба на албанскиот јазик на полициските униформи.“ – објави информативната агенција на албански јазик ИНА во својата вест со наслов „Груби им порача на Мицкоски и Апасиев: ‘Да се разбудат, час поскоро сфаќајќи дека Албанците во оваа земја се рамноправни“, пренесувајќи ја ТВ Клан Македонија.

ИНА пренесува: „Реагирањето на Груби уследи по вчерашните реагирања на лидерот на ВМРО ДПМНЕ кон владината уредба, но и на лидерот на ‘Левица’ Димитар Апасиев.“

„За жалење е што опозицијата и натаму искажува спротивставувања кон Охридскиот рамковен договор, кон албанскиот јазик, кон рамноправноста и кон Албанците. И навистина е за жалење што, пред да го видат англискиот јазик напишан на униформата на полицијата, ним им пречи само албанскиот јазик. Нека се разбудат час поскоро, сфаќајќи дека Албанците во оваа земја се рамноправни, а со нив и албанскиот јазик е рамноправен според законот.’ – изјави за ТВ Клан Македонија вицепремиерот Артан Груби.“

„Според Груби, уредбата апсолутно ќе се спроведе и сега се чинат подготовки во Министерството за внатрешни работи за новите униформи со натписи на албански јазик.“