Македонија ќе побара од Шпанија да ја признае независноста на Косово, рече вицепремиерот Артан Груби по средбата со вршителката на должноста претседател на привремените приштински институции, Вјоса Османи.
На прашањето дали македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој е во посета на Шпанија ќе побара од Мадрид да го признае Косово, тој рече дека косовското прашање е приоритет за нив.
„Разговарав со Османи и за тоа дека нашата поддршка нема да изостане на ниту еден меѓународен форум“, рече Груби.






