Генералниот секретар на ДУИ и прв вицепремиер Артан Груби за Плусинфо изјави дека лажна вест е дека лидерот на ДУИ Али Ахмети е обвинет од  Хашкиот суд.



„Лажната вест на еден албански проопозициски портал за наводното обвинение против Ахмети е најдобриот доказ за нивниот постојан став кон последните случувања и ослободителната војна на албанскиот народ.  Ахмети е коосновач на НДК и ОВК, поддржувач на владеењето на правото, неселективна правда и тоа секогаш го докажувал, дури и во случајот на последното сведочење во Приштина. Оние што сакаат да им наштетат на Албанците и на ОВК и нарачителите на лажните вести, добро би било да се воздржат од вакви клевети затоа што ниту минатото, ниту денешнината, ниту утрешнината нема да им простат, и ќе останат со заслужената дамка“ вели Груби за Плусинфо.

По испрашувањето во почетокот на септември на лидерот на ДУИ Али Ахмети во Хашкото специјално обвинителство за Косово, Груби тогаш појасни дека испрашувањето било поврзано со неговите активности во Косово, а не во Македонија во својство на сведок како еден од основачите на ОВК за перидот 1998 – 2000 година..