Вицепремиерот Артан Груби кој ги координира проектите од скандалозниот договор со Бехтел и Енка пред седум дена излажал дека примерок од договорот со „Бехтел и Енка“ има Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
И од Обвинителството потврдуваат – договор не добиле.
„Надлежниот јавен обвинител кој постапува во предметот за кој покажувате интерес, уште од неговото оформување веднаш испрати Барање за доставување на податоци и на договорот до ЈП ‘Државни патишта’, но до овој момент до обвинителството не е доставен одговор од нивна страна“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за „Макфакс“.
Зошто Груби лажел дека ЈО има копија од договорот може само да се претпостави но причините најверојатно не се ниту чесни ниту законски.
Повеќе детали на Макфакс.






