Груби кани на Саем за вработување во „Бехтел и Енка“

Во организација на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ кој ќе ги гради Коридорите 8 и 10д утре во Гостивар, ќе се одржи „Саем за вработување“.



“Градиме за новите генерации, модерна инфраструктура која го поврзува регионот со Европа и ја развива економијата на нашата земјата.

Со задоволство ве информирам дека конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој ги гради Коридорот 8 и 10д оваа недела го организира „Саемот за вработување“.

Сите заинтересирани за работа ќе имаат можност да се запознаат со можностите што ги нуди овој конзорциум при изградбата на автопатските делници на Коридорите во следните пет години“, објави првиот вицепремиер и координатор за изградба на автопатите Артан Груби на Фејсбук.

Саемот утре ќе се одржи во Агенцијата за вработување во Гостивар со почеток во 16 часот.