Груби им се заканува на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со затвор за државна тајна

Таканаречениот прв вицепремиер Артан Груби им се заканува на опозициски пратеници дека можат да завршат со кривични пријави затоа што наводно откриле државна тајна.



Груби денеска одржа брифинг со новинарите, на кој откри дека Јавното обвинителство е единствената институција која по службена должност го има на увид договорот за изградба, оти е класифициран документ, на барање на изведувачот „Бехтел и Енка“, бидејќи „содржи бизнис тајни“. Груби додаде дека Владата може да им го достави договорот само на пратениците со безбедносни сертификати, но нема информации дали такво нешто ќе се случи.

,,Можно е да направиле кривично дело некои опозициски пратеници кои обелоденија наводни детали од договорот”, изјави денеска првиот вицепремиер кој е лут на ВМРО-ДПМНЕ затоа што тие објавија 6 скандали и корупциски афери во кои Груби е еден од главните ликови.

Доколку државниот обвинител Јовески не го послуша Груби за поведување истрага за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ тогаш во игра е шефот на Обвинителството за организиран криминал и корупција Ислам Абази за кого ретко кој се сомнева е ,,човек на ДУИ”.

Меѓу тие што можат да завршат в затвор за откривање на државната тајна на Груби се и повеќе видни новинари

Македонски новинари може да завршат 10 години в затвор за договорот со Бехтел и Енка