Премиерот на * Македонија Талат Џафери утре, во понеделник, ќе ја посети општина Тетово. Веста ја соопшти неговиот заменик Артан Груби.“ – објави месниот информативен портал на албански јазик „Тетова сот“.
„Тетова сот“ ја пренесува објавата на Груби на неговиот фејсбук-профил: „Првиот албански премиер доаѓа утре, на 12 февруари 2024 година во селото Селце кај Тетово, за да постави камен-темелник на основното училиште ‘Рилиндја’ година во 10 часот.“
Инаку, треба да се одбележи победоносниот предизборно-пропаганден восклик на Груби на крајот на неговата објава на фејсбук: „Речено – сторено!“. Бездруго, тоа се однесува на „историското“ „инсталирање“ на „првиот албански премиер на * Македонија“ со Талат Џафери во таа улога. Но, дилема е: дали е Артан Груби навистина „заменик“ на Талат, или е оној, кој, всушност, ги влече сите потези во техничката Влада, а утре поправо го праќа Талат на партиска задача во тетовското село Селце да „фрла предизборни лопати“ пред очите на албанското бирачко тело?
Свој одговор на оваа дилема дава аналитичарот од Струга Медаи Шахоли во својата колумна со наслов „Невозможната мисија на ‘(T)Алат технички!“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА. Подбивно иронизирајќи со улогата на Џафери како „технички премиер“ и со неговото име, Шахоли него го нарекува (Т)Алат технички“, многу јасно асоцирајќи дека овој „прв албански премиер“ е, всушност, само најобичен „технички алат“ во рацете на Артан Груби, Али Ахмети и другите „интегристи“ од тетовска Мала Речица.
Покрај другото, во колумната Шахоли нагласува: „По гаснењето на огнометот на спектаклот за изборот новиот премиер ‘(Т)Алат технички’ не се приклучи во владината курварница, туку веднаш почна со предизборната кампања низ албанските средини, да крека и да се фали пред Албанците како ‘прв албански премиер’ на ‘државата северна’! Но, ‘техничкиот’ премиер е само еден (Т)Алат, неупотреблив за посебни државни задачи, оти тој има само ограничена власт и моќ: може само да оди во владината курварница, да одржува седници според дневен ред и да го потпишува своето присуство на работното биро!“





