Првиот вицепремиер и координатор за изградба на повеќе патни правци во земјава, Артан Груби, сп пример од соседна Србија го брани договорот со „Бехтел и Енка“, а по обвинувањата и реакциите во јавнмоста дека начинот на кој Македонија постигна договорот за автопатиштата и сè што е напишано во него е штетно и криминално, пренесе 360 степени.
„Со истиот посебен закон, со истиот договор, фирмата ‘Бехтел – Енка’ гради и во Србија, каде што денеска државните власти пуштија во употреба дел од автопатот“, напиша Груби на својот фејсбук-профил.
Вучиќ ја отвори делницата „Моравски коридор“ долга 17 км
Настанот за кој зборува Груби е отворањето на Моравскиот коридор, поточно на делница од 17 километри.
Во објавата на Фејсбук Груби објаснува дека во земјава Собранието прво донело специјален закон, врз основа на кој се преговарал и потпишал договор. Владата, вели Груби, исплатила 117 милиони евра за подготовка на градилиштата.
Според Груби, информациите што ги лиферува опозицијата се „лажни вести“ и со блокадите во Собранието за измена на повеќе закони кои се доведуваат во врска со изградбата на автопатите од страна на „Бехтел и Енка“ само се зголемувале цената и времето за изградба.







