Пратеникот Артан Груби за Плусинфо вели дека упадот, тепањето и скандирањето во Собрание на 27 април бил вандализам, а не прослава на навивачи, со скандирање, пеење, но не и вандализам, кој тој би го осудил во секој момент.



„Сметам дека реакциите се апсурдни, лицемерни и преставуваат класична намерна политичка злоупотреба на настан во функција на предизборна пропаганда.

Јас не сум организатор на настанот, но мора да истакнам дека театарот му припаѓа на народот, не е ВМРОвски, СДСМовски, па ниту ни на фелата, граден е со наши пари, со парите на граѓаните, а не со парите на ВМРО, ниту на фелата, и им припага на граѓаните“, вели Груби за Плусинфо.

Тој не одговори за демолирањето на МНТ, за што реагираше и директорката Сања Угриновска. Таа во изјава за некои медиуми го посочи Груби за организатор за присуството на „Шверцерите“ во МНТ.