„Потпретседателот на Владата Артан Груби за ‘Програмата 200’ на ТВ Алсат изјави дека ДУИ ќе остане во Владата со СДСМ и ако Зоран Заев одлучи официјално да се повлече од позицијата премиер. Груби кажа дека Али Ахмети има договор со Заев за владеење во периодот 2020 – 2024 година.“ – објави ТВ Алсат.
На својот веб – портал ТВ Алсат ја цитираше изјавата на Груби за „Програмата 200“:
“Ние строго ќе ја почитуваме нивната волја, бидејќи ќе биде суверена одлука на СДСМ и ако предложат нов мандатар во име на СДСМ, кој ќе ја води Владата натаму. Оценуваме дека во месеците што следат ќе треба да има малку толеранција и од СДСМ, на начин што ќе ги заокружиме овие прашања, кои ги споменуваме. Не верувам дека ќе има некоја поголема промена, особено од програмски аспект, затоа што програмата е усогасена за 4 години. Ние сме во оваа коалиција, се надеваме до 2024 година, без оглед кој ќе биде премиер.“





