Груби: ДУИ оди сама на избори

Пратеникот Артан Груби го пренесе ставот на партијата по денешната седница на Претседателството на ДУИ..



„ДУИ е најголемата албанска политичка партија и на овие избори ќе настапи самостојно, без коалиции ниту со македонските, ниту со албанските партии. Напротив, ги повкуваме албнските партии во опозицијата да се соединат, да не изгубат Албанците гласови и потенцијал од пратеници во Собранието во нашата државата.“ пора,а Груби.

Се надеваме дека ќе успеат да се обединат, за да не изгубат Албанците. Во секој случај, тука е ДУИ која ќе ги добие изборите и сметам дека ќе ги претставуваме така како што сме ги претставувале Албанците во изминатите 17 години, на најдостоинствен начин, рече Груби.

На новинарско прашање во врска со информации во јавноста дека во техничката влада нема да има министри од ДУИ, Груби одговори дека неговата партија е клучна за политички процеси во Македонија, без разлика на функциите.

ДУИ беше определувачки фактор за формирање на ова парламентарно мнозинство. Таму каде што одлучи ДУИ, таму се формира парламентарно мнозинство и оваа Влада.

… За нас се небитни функциите. Ќе ги добиеме апсолутно изборите на 12 април и ќе имаме слична ситуација како во 2016, со многу повеќе пратеници на ДУИ, но со пресудна определувачка улога на Али Ахмети за следна Влада во Северна Македонија“, рече Груби.