„Првиот вицепремиер Артан Груби ги отфрла гласините дека се обидува да го преземе кормилото на ДУИ по заминувањето на Али Ахмети. Груби во изјава за весникот „Лајм“ кажа дека нема такви амбиции.
„Лајм“: Имате ли амбиции да станете на чело на ДУИ, како што тврдат членовите на „Огнената група“?
Груби: Апсолутно не!
„Лајм“: Рековте дека последниот збор го има Али Ахмети. Дали побара од вас оставка?
Груби: Кажав се што имав. Исто така, и Ахмети кажа се и верувам дека и е јасно на целата јавност.
„Првиот вицепремиер Артан Груби изгледа не го погодија навредите, што му ги упати сопартиецот Невзат Бејта, кој во емисијата ‘200’ на ТВ Алсат Груби го нарече ‘тенеќе’. ‘Ти благодарам, Бејта. Тој е мој сопартиец. Ти посакувам добра работа.’ – изјави Груби за ‘Лајм’.“





