Министерството за внатрешни работи (МВР) потврди двојно убиство што се случило попладнево на улицата „Рузвелтова“.
„Денеска (11.01.2023) околу 14.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.Ј.(40) од Скопје.
Тој е осомничен дека околу 14.20 часот во стан на ул.„Рузвелтова“ со остар предмет ги нападнал неговата мајка и баба на возраст од околу 60 и 80 години, кои од здобиените повреди починале, информира МВР.







