Медиумскиот експерт Виктор Грозданов со храбра анализа за состојбата во македонското новинарство во која директно прозива десетина актери дека “шуруваат” си власта.
“Почитувани иако Македонија се наоѓа во една многу незавидна ситуација по однос на Бугарија и нивните големошовинистички барања поради Зоран Заев, сепак сакам да предупредам дека токму Зоран Заев не е сам во неговите напори да сруши се што е македонско.
Тука е доста потпомогнат и од другарите наречени новинари. Наместо да се коректив на општествените девијантни случувања тие се катализатори на истите.
Овие другари-новинари како тргнале во глорификација на фашизмот дека бил нормална административна организација уште малку ќе почнат да не убедуваат дека: Аушвиц е проект за гасификација на Полска.
Ви препорачум со огромно внимание да го изгледате интервјуто на Рашела Мизрахи во Само Интервју од 13.11.2020 година. Како г-ѓа Мизрахи експлицитно објаснува која е улогата на бугарските фашистички сили во прогонот на Евреите од Македонија и како Коминтерната ги спасува во 1945 година од Црвената Армија за да не ја имаат истата судбина како фашистичките Романија и Унгарија.
Токму поради тоа започнувам со заклучок дека додека Младен Чадиковски е претседател на ЗНМ (Кратенка од Збунети Новинари на Македонија):
Никола Младенов не бил убиен како што тврдеа, туку загинал во сообраќајна несреќа.
А1 телевизија нема ниту почеток за рехабилитација на Велија, Дарко, Анита итн, ама битно Младен е уредник во ТВ24 која што онака има некаква сопственичка врска со Телекабел, кој ја исклучи А1 во 2008 кога тој беше уредник токму во А1.
Боки 13 преку неговата телевизија во која работеа другарите на Младен од А1, Чом и Боко, како и бившата му директорка Јаци од Фокус плус и оној од Цивилмедиа Сашо Ордановски, го рекетираше Орце Камчев, плус има информации за Ноел и Пелистерка.
А да, овие другариве на Младен ништо немале информации иако синот на другарица рекетарица Катица беше главен маркетинг мајстор. И сеа па ја тоа што Боко во село Брајчино се слика со кандидат на премиер, е онака забава во природа.
Зоран Иванов е сменет од позиција во МИА само затоашто искажал свое мислење на приватен профил или што испрати документи до Владата за дејствувањето на „газдата“ на МИА, пишува Грозданов.
Целиот текст на Грозданов со сите имиња и настани што ја создаваат македонската медиумско-политичка сцена на следниов ЛИНК





