Коалицијата „Длабоко Грло“ мора да биде распадната, пишува во својата најнова колумна медиумскиот експерт Виктор Грозданов за неформалната коалиција меѓу новинари, обвинители, судии, бизнисмени и политичари.
”Нема повеќе милост за оние новинари кои велат ние сме за ЕУ и НАТО, а Американците нив да ги прифаќаат како легитимни партнери. Ако Анџела Агелер сака да и’ веруваме, прво да покаже со прст кон пулените на амбасадите и да бара МВР на чело со Оливер Спасовски да си ги уапси”, пишува Грозданов за моќната коалиција која според него владее со Македонија од сенка од независноста на државата.
„Збунетоста на амбасадата на САД јас лично како Виктор ја разбирам дека со други зборови е ОГОРЧЕНОСТ и дека Ви дава рок господа политичари со „облигаторна рекомендација“ (во превод мора да исполниш) да „престанете да крадете“, напиша Грозданов откако на 06 декември 2022 година Н.Е. Анџела Агелер најави тим од САД за сузбивање на корупција. И да имаа кај нас политичарите еден грам морал, бар некој од нив ќе си дадеше оставка.
Целата колумна на овој линк
https://netpress.com.mk/helouuu-basters/






