Гром удрил во зграда во Велес и запалил стан

Гром удри во зграда во Велес во близина на основното училиште Васил Главинов, при што се запали стан на поткровјето.



Жртви нема, а лекарска помош им е укажана на две лица кои имале проблеми со дишењето поради вдишан чад. Пожарот го гасне противпожарната единица во Велес, а на помош пристигна цистерна од ЈКП Велес.

На лице место се и локаните власти и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски. Врнежи од дожд зафатија повеќе региони во земјава.