Синоќа во 20.00 часот било пријавено дека во с.Дорфулија, светиниколско, на место викано „Дорфулиски ливади“, Т.Ш.(46) од с.Дорфулија, додека напасувал стадо овци, бил удрен од гром и починал на местото.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе, стои во полицискиот билтен.





