Странецот кој синоќа беше погоден од гром во центарот на Софија е надворф од ќивотна опасност. Мажот има 20% изгореници по телото, но нема други опасни по живот повредисоопшти директорот на болницата „Пирогов“, д-р Валентин Димитров, јави репортерот на БГНЕС.
Човекот е на возраст од 20-25 години со сириско потекло, без документи, без утврден идентитет и не е јасно каков е неговиот статус во Бугарија.
Синоќешното силно невреме однесе животи на три лица. Странците кои биле во строгиот центар на Софија биле погодени од гром.
Тројца од нив починале на лице место.
Медиуми јавуваат дека трите жртви се Сиријци, но портпаролот на бугарското МВР изјавил дека идентитетот на жртвите допрва ќе се утврдува.
Во Софија доцна синоќа за помалку од еден час се забележани повеќе од 800 удари од гром







