Гробиштата ги кријат вашите монструозни грешки: “Хаварија” на Филипче на ФБ

Тешки моменти на министерот за Здравство Венко Филипче по неговите фалби дека успешно ја менаџирала корона кризата и откако го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека е виновно за тешката ситуација.



Низа искрени коментари на негова сметка на видеото објавено на неговиот Фејсбук профил покажуваат дека Филипче е далеку од ситуацијата кога владата му организираше ракоплескање на балконите за неговата работа.

Во коментарите речиси и да нема поддршка за некогаш ултра популарниот министер од почетокот на кризата кој сега стана заменик на Заев во СДСМ и најсериозен можен наследник на премиерот во владата и во партијата.

“Покажавте колку сте неспособни и дволични….Ништо друго не покажавте….Гробиштата ги кријат вашите монструозни грешки….”, пишува граѓанин до Филипче откако министерот се обиде да прикаже дека бил успешен во справувањето со кризата.

“Постои суштинска разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Додека ние не спиевме борејќи се со кризата, ВМРО-ДПМНЕ се будеше со мислата како политички да профитира од неа”, порача Филипче заборавајќи да каже дека во денови кога умираа по над 40 луѓе тој не спиел но возеше мотори со Заев.

Дел од коментарите:

“За оној што работи и создава, зборуваат делата, а не политичките говори. А еве ги делата: Толкава стапка на смртност од вирусот, задоцнета вакцинација на населението, нерегулиран статус на стотици здравствени работници во државно здравство, енормно високи цени во приватното здравство, скапи ПЦР тестови на товар на граѓаните…”.

“Да дојдат роднините на 6000 починати, со по еден стап и да те отепат од мавање оти и после 1,5 година немаш купено една вакцина ѓубре ни едно, ти ќе кажуваш комунистички популистички прикаски за мали деца, чекаме милост ако ни фрли некој како на куче, и благодарение на Србија којзнае колку се вакцинираа таму, ама тоа е трошок за секој човек кој што плаќа здравство со години”.

“Што менаџирате бе?? После една година пуштивте протокол како да лечат матичните, ги отруа и умреа пациентите со антибиотици, вакцини како сиротиња чекате некој да ви фрли, мој термин го пљукавте а сега само со него функционира здравството, чувај си ја Лиде Лиде само таа ти веруа”.

“Ако ова со короната е добро менаџирање тогаш некој е за во лудница.Е ова на српски се вели,,Луд ј..е збуњеног,, Зарем до толку го понижувате народот мислејќи дека не знае што е добро менаџирање”.

“Докторе дали се слушаш што зборуваш ќе те шиканират идните Македоци а северџаните ќе ти го гледаат сеирот”.

Стенд ап комедија! Браво!

“Немавте време за спиење, моравте да се возите со Зоки со моторите додека луѓе ви умираа по болничките ходници…”.

“Вие покажавте само како се краде и лаже овој народ”.

“Цццццц. Колку починаа Филипче од вашето добро менаџирање? Колку вакциниравте од добро менаџирање? Колку им помогнавте на болните околу витаминска терапија, тестови и слично? Последни набавивте вакцини, и тоа поклонети. Респиратори не видовме. Мерките од типот носи маска надвор а во кафана во затворено не, добар менаџмент стварно. Време е да си одите. ОСТАВКИ”.

Во делот од коментарите каде Филипче добива поддршка таа не е за целата изјава туку само за дел од неа што се однесува на ВМРО-ДПМНЕ.

“За овој исечок од вашиот коментар потполно сте во право Почитуван МИНИСТРЕ ФИЛИПЧЕ !!!”, пишува една граѓанка.

“Зошто бришете коментари? Кирилицата ви пречи или вистината? Петти во свет по смртност, нула купени вакцини, само со донации хефтате народ. Ај не ја спомнувам Србија, болна точка ви е. И се гордеете со кој успех? Со кој? 1000 евра дневно у приватна болница лечење? Тоа? 50 евра ПЦР? Тоа. Само за едно ве бива. Бришење на вистината. Ај сега бришете го и овој коментар”.

Сите коментари за кои дел од граѓаните велат дека се селектирани и избришани на следниот линк:

https://fb.watch/6hmPZ8KSXT/