Гeрманците се жалат дека им е тешко со плати над 2.000 евра, што да кажеме ние со минималец?!

Грманците се жалат дека им е тешко со плати над 2.000 евра, но што да кажеме ние со минималец, односно со ниски примања со кои, барем повозрасните граѓани, не можат ниту лекови да си купат, а камо ли нормално да го истуркаат месецот. Дека животот во Германија станува потежок, се жалат и тамошните граѓани. Месечните примања на многумина не им се доволни за живот, а пензионерите се меѓу групата која едвај преживува. Германските медиуми често пренесуваат изјави на пензионери кои им откриваат колку е навистина тешко. Во вторникот, 24 октомври, германската RTL објави сторија со 67-годишната Хилдегард, која вели дека не може да живее од пензијата бидејќи кога ќе ги плати сите сметки за комуналии и остануваат 11 евра дневно за храна. Таа била правен асистент, работела цел живот, понекогаш дури и со скратено работно време бидејќи се грижела за две деца. Сега зела мала пензија и, вели, не и остана речиси ништо.



Никогаш ништо не останува. Никогаш“, вели жената во очај.

И Хилдегард не е единствената. Здружението Lichtblick Senior Aid им помага на старите лица со мала пензија. Само во Минхен има 4.000 луѓе кои редовно бараат помош од здружението.

Последниве години пензионерите се јавуваа околу 20-ти во месецот и велеа дека немаат пари за основни потреби, сега се јавуваат на 10-ти во месецот“, вели Брижит Грунг од LichtBlick Senior Aid e.V. Минхен.

Со цел да се спречи сиромаштијата во пензија, германската партија Die Linke повикува на темелно преиспитување на пензиите, пишува магазинот Phoenix.

Ни треба минимална пензија од 1200 евра за да ја спречиме сиромаштијата. Тоа е минимумот“, рече Дитмар Барч (Die Linke).

Во јуни повеќе од 690.000 пензионери низ државата добија основно осигурување, десет отсто повеќе од претходната година. Жените се особено погодени од сиромаштијата во староста бидејќи во текот на животот помалку заработувале и не можеле да работат континуирано.