Истражните органи да преземат мерки за делењето тендери во Лотарија затоа што имаат обврска да постапат по допрен глас. Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска вели нејзиниот кабинет не можел да постапи оти немале надлежност.
„Ние како Кабинет, за жал, не сме истражен орган и тука не би можеле да имаме надлежност“, рече Грковска.
Во врска со наводите дека во Министерството за политички систем има вработени кои поседуваат и веб-медиуми преку кои се промовираат партиски интереси, таа одговори дека смета оти тоа е неприфатливо, но дека за тоа не разговарала со првиот вицепремиер Артан Груби кој е на чело на таа институција, ама не разговарала со него.
„Сметам дека е апсолутно неприфатливо институциите да поседуваат веб-сајтови коишто ќе бидат во функција на политичка партија или да имаат каква било друга политичка конотација“, одговори вицепремиерката.






