Грковска призна колапс на македонскиот правен систем и најави влез на владата во сопставена замка

Со најавата на вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска дека е потребно да се процесуираат лицата кои се ставени на црна листа во други држави, владата најави дека се случува колапс на македонскиот правен систем и влез во сопствената замка.



,,Владата треба да создаде правни предуслови во земјава, во рамки на македонскиот правосуден систем, да се процесуираат лицата кои се ставени на црна листа во други држави”, порача денеска вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска.

На брифинг со новинарите Грковска информира дека владата ќе ги гони луѓето што се на странски црни листи.

,,Многу лоша порака е да се види дека лицата кои се ставени на црна листа во други држави, кај нас се однесуваат како ништо да не се случило. За тоа мора да има последици, во легална процедура, но тоа треба да е поттик и за истражните и за правосудните органи поефективно и поефикасно да ја вршат својата работа”, истакна Грковска.

Во информациите од брифингот на Грковска не се кажува што ќе се случи ако Бугарија стави на црна листа македонски граѓани кои одбиваат промена на уставот или ако Русија и Кина стават македонски граѓани на црни листи затоа што се за ЕУ и НАТО.

Таа индиректно призна дека Етичкиот кодекс на владата не функционира.

Според неа досега се изречени писмени опомени за 12 функционери, избрани и именувани, за различни прашања. Кај некои функционери Кодексот нема никаков ефект, а кај некои Грковска забележала промени во однесувањето.

Таа потенцира дека медиумите, граѓанскиот сектор и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) се клучните партнери кои треба да реагираат и да укажуваат на таквите однесувања.