Грковска рекла дека Договорот со „Бехтел и Енка“ може да се објави, но премиерот кажал оти е со клаузула за тајност

Вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска одби да одговори дали има притисоци од некои функционери за договорот со „Бехтел и Енка“, односно колку цената процедура е транспарентна. Иако таа е задолжена за политики за добро владењње, на брифинг со новинарите наместо одговор, само се насмевна кога беше прашана, ако има притисоци, кои се политичарите кои сакале да се мешаат во процесот за добро владеење. Таа кажа дека Договорот со „Бехтел и Енка“ имал клаузула за тајност.



  • Мојата прва изјава за тоа беше дека во принцип не гледам причина да не биде објавен, освен ако има клаузула што би можела да влијае на таквата одлука и дека ќе проверам дали има таква клаузула. Меѓутоа, таква клаузула постои, веднаш беше објавено од премиерот и беше информирана јавноста за постоењето на таква клаузула и дека таа нѐ обврзува во еден дел за таква мерка, рече Грковска на средбата со новинари.

Вицепремиерката рече дека до сега неколку пати повеќе функционери добиле опомена, зашто дел од нив го прекршиле етичкиот кодекс и ја злоупотребиле функцијата. Рече дека без оглед за кого станува збор, се одлучува исклучиво врз основа на аргументите.

  • Ние без оглед на сѐ и без оглед за кого станува збор одлучуваме исклучиво врз основа на аргументите и гледате дека и од функционерите на кои им е изречен очигледно дека не нѐ засега многу за кого и за што туку дали аргументите укажуваат на тоа дали го прекршиле или не. Има влијание, има промена во однесувањето тоа се гледа по дискусиите што ги правиме, рече Грковска.

Дали е транспарентно, премиер на една држава на службено патување да ги носи своите деца, вицепремиерката рече дека тој веќе го одговорил ова прашање.

  • – Мислам дека треба да го прашате прмиерот за тоа, иако јас сметам дека треба од Владата да побарате одговор, од неговиот кабинет. Ние немаме ингиренции за тоа, исто како што немаме ни за пратениците. Премиерот имаше изјава за тоа. Повеќе информации може да побарате од Генералниот скеретаријат – тој треба да одговори, зашто тие ги организираат патувањата, рече вицепремиерката за добро владеење.

Доколку некој и понатаму го прекршува кодексот, Грковска рече дека се обврзани да го информираат премиерот, и потоа тој треба да одлучи за каква мерка ќе се определи. Мерките се да побара оставка, разрешување и јавна опомена. Претходно, тоа го направија повеќе функционери кои ги користеа ресурсите, односно државните службени возила, за партиски потреби. Рече дека домашниот функционер, сè уште е наклонет да плати казна, отколку да се покае и да научи од поведението.