„Не спиев цела ноќ … Еден пријател ми рече: подарен ти е нов живот. Од друга страна ги изгубив луѓето што што ги знаев и потресно е кога знаете дека нецела секунда одлучила за нивните животи, дека загинаа за ништо“, вели Андонис Мавропулос, кој го пропуштил вчерашниот фатален лет на етиопскиот боинг за само – три минути.
149 патници и осум членови на екипажот загинаа во вчерашната несреќа на „Боингот 737 МАХ“ на летот од Адис Абеба за Најроби.
Мавропулос за „Скај ТВ“ раскажува дека во Адис Абеба требало да се префли во авион за Најроби каде требал да учествува на Конференција на ОН во главниот град на Кенија. Мавропулос е основач на компанија за управување со отпад, D-Waste, и претседател на Меѓународната асоцијација за цврст отпад (ISWA).
Тој имал само половина час меѓу летовите и „за среќа“ имал само рачна торба – да имал багаж, авионот ќе морал да го чека.

„Летот беше во 8:15 часот. Пристигнав на ‘гејтот’ во 8:03 и беше затворен“,вели тој. Протестирал, како што се прави во такви случаи. Во секој случај, луѓето ми издалеа нов билет за да замине со следниот лет, три часа подоцна.
„Кога, три часа подоцна, се обидов да се качам ми рекоа: Не можете да се качите, бидејќи вие сте единствениот кој не се качил на исчезнатиот лет”, вели тој.
Дпоколку имал багаж и го пропуштил летот, Мавропулос сега би бил третиран како осомничен.





