Гризли уби брачен пар во Канада – го „еутаназираа“

Гризли нападна и уби две лица во националниот парк Банф во областа Алберта, Канада, соопшти канадската служба за национални паркови.



Жртви биле брачен пар од Канада и нивното куче.

Мечката била пронајдена и еутаназирана.

Ким Тишенер од Bear Safety and More вели дека средбите со мечки се во пораст бидејќи се повеќе луѓе се движат надвор, но фаталните напади се ретки.

Контактите со мечките се почести наесен, бидејќи тие стануваат поактивни во потрагата по храна пред хибернација во студените зимски месеци.

Националниот парк Банф, кој привлекува повеќе од четири милиони туристи секоја година, е дом и на гризли и на црни мечки.