Грипот „коси“, за 7 дена 5.600 грипосани, тројца починати

За само седум дена 5.660 лица добиле грип во земјава. Нема град во Македонија каде нема заболен. На удар се најмногу децата на школска возраст.



„Сите индикатори укажуваат на зголемена активност на вирусот на грип. За овој период од годината е очекувано да имаме тренд на пораст на заболени од грип и овој тренд ќе продолжи во наредната недела или две, по што очекуваме да се стабилизира и да почне да опаѓа бројот на новозаболени “  – Д-р Гордана Кузмановска од Институт за јавно здравје.

Засега според Комисијата за заразни болести нема потреба од прекин на наставата во училиштата.

Од почетокот на сезоната досега  три лица починале како резултат на компликации, од кои едно 14 годишно девојче и двајца мажи на возраст од 50 и 85 годишна возраст. Според лекарите, тројцата починати биле невакцинирани, а имале и други заболувања.