„Грикенд“: Рекламна кампања за привлекување туристи во Грција

Грчката национална туристичка организација (ЕОТ) започна нова рекламна кампања со мотото „Greekend“ кое треба да ги привлечат странските туристи „да ја завршат неделата како Грк“.



ЕОТ ги промовира Атина и Солун како идеални дестинации за туристи кои бараат викенд одмор.

„Хотелите во нашите градови, особено Атина и Солун, претрпеа загуби поради пандемијата. Оваа кампања е прва од серијата иницијативи што ќе ги спроведеме, преку покана посетителите безбедно да уживаат во автентичен грчки викенд во нашите најголеми градови“, вели министерот за туризам Василис Кикилијас.