Грaѓани растрчани по пелети пред да се зголеми ДДВ-то…

Ако едно просечно македонско семејство годишно троши 3 тони пелети за греење, кои би чинеле вкупно околу 60.000 денари, отсега со зголемување на ДДВ-то од 5 на 18 отсто, ќе треба да издвои околу 66.000 денари.



„Граѓаните се бесни на образложението на министерот за финансии Фатмир Бесими дека „мора да се натераат граѓаните да почнат да инвестираат во обновливи извори на енергија кои не ја загадуваат животната средина“, пишува порталот „Денар“.

Досега, токму Владата со субвенции ги стимулираше домаќинствата да го сменат начинот на затоплување, односно да ги заменат печките на дрва и на јаглен со печки на пелети.

Според податоците до коишто дојде Денар, во Македонија има околу 50.000 домаќинства кои пред неколку години ги послушале владините совети и набавиле печки на пелети…