Грета Тунберг предложена за Нобелова награда за мир

Грета Тунберг, папата Франциско, владата на национално единство на Мјанмар, британскиот новинар и натуралист Дејвид Атенборо, и министерот за надворешни работи на Тувалу, Симон Кофе, се номинирани за овогодинешната Нобелова награда за мир, пренесува Ројтерс.



Меѓу предложените се и Светската здравствена организација и белоруската опозициска лидерка Светлана Тихановска, рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Викиликс и Челзи Менинг, НАТО, хуманитарната организација CARE, иранскиот активист за човекови права Масих Алинеџад и Арктичкиот совет, кој е меѓувладин форум за соработка меѓу арктичките земји, беа номиниран и за наградата, јави Танјуг.

Илјадници луѓе ширум светот, од пратеници до поранешни добитници на оваа награда, имаат право да номинираат кандидати.

Норвешкиот комитет за Нобеловата награда, кој одлучува кој ќе ја добие наградата, не ги коментираше номинациите, држејќи ги во тајност имињата на предлагачите и оние кои не беа номинирани цели 50 години.