„Грешка е Русија да се огради со жица и со канал полн крокодили“

Само воениот пораз на Путин во Украина може да го урне рускиот режим, изјави за ДВ опозицискиот политичар Дмитриј Гудков.



Тој го предупредува Западот дека опсежните санкции што ги погодија обичните Руси би можеле да имаат спротивен резултат.

„Европејците мора да разберат дека ќе направат уште поголем проблем ако сега ја изолираат Русија, ја оградат со жица висока шест метри и ископаат канал со крокодили околу неа“, изјави Гудков, руски опозиционер, кој минатата година ја напушти земјата по дводневен притвор.

„Бидејќи ќе има сиромаштија, распаѓањето на земјата може да биде крваво. А нуклеарното оружје ќе остане и никој не знае каде би можеле да летаат ракетите. Ова ќе предизвика главоболки за Украина и сите други“, додава овој поранешен пратеник во руската Дума. .

Од друга страна, тој вели дека Западот мора да продолжи со сета поддршка за Украина.

Само воен пораз на режимот на Путин може да не спаси од Путин“.

На прашањето колку Русите навистина го поддржуваат нападот врз Украина, Гудков вели:

„Мислам дека, како што Путин се преправа дека ова не е војна, туку специјална операција, така и повеќето луѓе се преправаат дека ја поддржуваат. од тоа нема да остане ништо од поддршка“.