Градежен работник, Бугарин, натепен од газдата во Скопје

Државјанин на Република Бугарија, кој работел во Скопје како градежен работник, пријавил вчера во полиција дека бил натепан од газдата.



„На 03.04.2023 во 01.30 часот во СВР Скопје, И.Т.(26) од Република Бугарија, со престој во Скопје, пријавил дека на 02.04.2023 околу 18.30 часот на подрачјето на Аеродром, бил физички нападнат од Б.С., кај кого работел како градежен работник и кој му должел пари“, велат од МВР.