Грците се премислија и веќе нема да праќаат оружје во Украина

Соседна Грција се изјасни дека веќе нема да праќа оружје во Украина.



Министерот за одбрана Никос Панајопулос изјави дека испраќањето на големите количини со оружје во Украина може да ја намали одбраната на нивната држава. Земјата претходно испрати два транспортни авиони во Украина со воена помош. Повеќе земји донираа оружје за Украина. Русија на 24 февруари ја нападна Украина. Властите во Украина цело време бараат помош во оружје за да се спротивстават на руските сили.


Русија вчера им се закани на земјите кои испраќаат оружје во Украина.
foto freepik.com