Опозициската Неа демократија бурно реагираше на вчерашната изјава на македонскиот премиер Зоран Заев кој во контекст на идното асоцирање на Македонија во НАТО, вчера ги употреби зборовите „македонска армија“.
„Со само една изјава, Заев ја испровоцира Грција и ги уништи аргументите и пропагандата на Ципрас-Коѕијас и го понижи Панос Каменос“, изјави денеска портпаролот на Неа демократија, Јоргос Кумуцакос, додавајќи дека НД со право да се спротивстави на договорот за името.
Грчкото Министерство за надворешни работи претходно ги отфрли „коментарите“ на Заев и потсети дека „договорот експлицитно наведува дека новото име на земјата според договорот ќе се користи и за официјални тела и за други јавни ентитети…
Во овој случај, ‘армија на Северна Македонија’“, се вели во изјавата на Министерството за надворешни работи.





