Истече рокот до кој грчката фирма „Архиродон“требаше да стави потпис на договорот за проектот „Чебрен“ и изградба на хидроцентралата на Црна река.
„Архиродон“ за 1 милијарда евра треба да ја изгради хидроцентралата на Црна Река и за возврат ќе добие две третини од стопанисувањето во наредните шеесет години како и стопанисувањето со „ХЕЦ „Тиквеш“.
Граѓаните против „Чебрен“ да им се даде на Грците
Извесно е дека по ова ќе пропадне и 14-от тендер за изградба на „Чебрен“.
Претходно не беше потпишан ниту договор со грчката фирма за формирање на заедничко тело со ЕСМ за вложување и да се формира заедничка компанија која треба да продолжи со реализација на овој проект
Грчката компанија „Архиродон“ поднесе и жалба поради тоа што условите во тендерот биле поинакви од оние кои се донеле со одлука на Влада и бараа измени.
Според информациите на Телма, по налог на министерката Шукова, денeска е формиран тим од правници кои веќе работеле на проектот и тие имаа имаат задача да ја разгледаат комплетата документација за тендерот и најдоцна до утре да донесат препораки кои треба да бидат следните чекори на надлежните институции во Македонија.
Оваа препорака потоа министерката Шукова ќе ја достави до Владата.






