Грција „згрозена“ од загинувањето на двајца Грци во Украина

Грција соопшти дека е „згрозена“ од смртта на двајца етнички Грци во едно украинско село денеска за време на руско бомбардирање и за утре го повика рускиот претставник Во Атина на состанок во Министерството за надворешни работи.



Грчкото МНР соопшти дека „недвосмислено го осудува бомбардирањето на цивили“ во Сартана, град во североисточната периферија на градот Мариупол, што резултираше со смрт на двајца етнички Грци и ранување на шест други, вклучително и едно дете, јавува „Катимерини“.

Генералниот секретар на министерот за надворешни работи Темистоклис Демирис „силно протестираше“ по телефон до рускиот амбасадор во Атина, Андреј Маслов, соопшти Министерството.