Почнуваат да се појавуваат дополнителни детали за околностите на железничката несреќа која измината ноќ се случи во Грција кога патнички воз со 350 патници на релација Солун-Атина се судрил со товарен воз.



Костас Агорастос, регионалниот гувернер на регионот Тесалија, рече дека двата воза се движеле со „голема брзина“ во моментот на судирот.

Тој додаде дека „еден возач не знаел дека доаѓа друг“.

Извештаите велат дека патничкиот воз се движел со 160 км/ч кога удрил во товарен воз во близина на Темпе, Грција непосредно пред полноќ. Полицијата соопшти дека неколку вагони излетале од шините, а најмалку три се запалиле.

Бројот на загинати утринава се искачи на 36. Десетици се повредени.

Регионалниот гувернер на Тесалија, Костас Агорастос, за ЕРТ изјави дека синоќа со автобуси биле евакуирани 250 преживеани во Солун.

Судирот бил толку силен што првите два вагони од патничкиот воз „не можеле да се видат“, додаде тој.