Грција во дипломатска офанзива против македонската фудбалска репрезентација

Двајца грчки министри денеска со дипломатски реакции на името на македонската фудбалската федерација и на кратенката што стои на дресовите на репрезентативците.



Само неколку часа пред почетокот на натпреварот на Европскиот фудбалски шампионат, грчкиот министер за спорт, Лефтерис Авгенакис, испратил писмо со поплаки до претседателот на Сојузот на европските фудбалски федерации (УЕФА), Александар Чеферин.

Грчкиот министер реагира на името што го користи Македонија во нејзиниот прв настап на едно Европско Првенство.

Авгенакис упатил приговорот од страна на Атина кон знакот ФФМ (за Фудбалската федерација на Македонија) на дресот на репрезентацијата, велејќи дека иако договорот за името потпишан со Грција во 2018 година не утврдува јасно правила за употреба на кратенки, вообичаена практика е да користете кратенки на меѓународно признато име на една земја, во овој случај Република С. Македонија.

Грчкиот официјален претставник смета дека земјата може да го покаже своето име како НМ (NORTH MACEDONIA) или РНМ (REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA) но не и ФФМ, затоа што според него оваа кратенка што не ја содржи ознаката договорена според договорот од Преспа потпишан во 2018 година.

Авгенакис во истата поплака побарал УЕФА да го испита името на македонскиот фудбалски сојуз, Фудбалската федерација на Македонија, велејќи дека тоа е во спротивност со договорот за името.

Предходно и грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, испрати слично писмо до неговиот колега во Македонија Бујар Османи барајќи да интервенира за името ФФМ.

Претседателот на УЕФА, Словенецот Чеферин претходно изјави дека Македонија ќе биде негов миленик на ЕП.

Македонија доби моќен “фан” пред Европското првенство