Четири пожари, кои сепак не добија алармантни димензии, беа предизвикани од серија удари на гром во планинската област на југоисточниот егејски остров Родос во средата напладне.
Силните бури зафатија големи делови од Грција во средата, a системот за следење молњи Зевс идентификуваше 48.845 удари од гром до 17 часот, пренесе Катимерини.
Според податоците на Националната опсерваторија на Атина и Meteo.gr, метеоролошката станица во Каво д’Оро на Евија забележала најмногу дожд – 102 милиметри, а во Атика – 63 мм.





