Граѓаните над 60 години во Грција кои не биле вакцинирани од следната недела ќе бидат казнети со глоба од по 100 евра месечно.
Според министерот за здравство, Танос Плеврис, лицата од оваа група имаат рок до недела да се вакцинираат и да ја избегнат санкцијата, објави Катимерини.
Исклучок се граѓаните кои поднеле барање за ослободување од имунизација од медицински причини и нивното барање е прифатено или сè уште не е разгледано.
Според грчките здравствени власти нагласуваат дека многу ретко постои здрава причина за одбивање на вакцинација. „Дури и ако некој има контраиндикации за еден вид вакцина, може да се вакцинира со другиот тип“, велат тие.






