Грчката национална здравствена организација (ЕОДИ) синоќа објави дека се региустрирани три случаи на акутен хепатитис кај деца чии симптоми одговараат на критериумите поставени од Светската здравствена организација, јави Катимерини.



Два од случаите, 14-месечно и 10-годишно дете, имале симптоми на абдоминална болка, повраќање и треска, при што лабораториските тестови покажале зголемување на ензимите на црниот дроб.

Другото 18-месечно дете било асимптоматско со покачени нивоа на ензимот.

Вкупниот број на случаи во светот е исклучително низок – досега се пријавени околу 300 случаи, од кои 163 се пријавени од Обединетото Кралство.